Последниот натпревар во англиската Премиер Лига за Манчестер Сити против испаднатиот Норич, воедно беше и последен натпревар во дресот на екипата од „Етихад“ на магионичарот Давид Силва.
После една деценија одличниот шпански интернационалец кој со „црвената фурија“ обележа еден убав период на европскиот и светскиот репрезентативен фудбал, го напушта Манчестер Сити и кариерата ја продолжува на друго место.
Шпекулациите за неговата иднина се засилуваат, а медиумите од час во час го преселуваат Давид Силва во МЛС лигата, Сериа А, па дури и му предвидуваат останување во Премиер Лигата во екипата на Лидс и Марсело Биелса.
За фудбалерите во поодминати години, играњето фудбал надвор од европскиот континент секогаш претставува предизвик, со оглед на тоа дека лигите надвор од Европа содвествуваат со физичичката подготвеност и годините на играчите, а и играчите за појавувањето во тие лиги и земји, многу добро се платени. Па затоа, првата опција која се врзува за Давид Силва е Катар. Ал Сад, чиј тренер е Чави Ернандез, сериозно е заинтересиран за услугите на шпанскиот средњак и се обидува да го премисли и доведе во своите редови.
На поранешниот ас на Барселона, релативно младиот тренер Чави, неодамна му се придружи и уште еден колега од репрезентацијата, Санти Казорла, а овој трансфер и добропознатата средина би можеле да претставуаат олеснителна околност при донесувањето на одлуката на Давид Силва.
Понуда и интерес постои и од МЛС лигата, поточно од новоформираниот клуб во сопственост на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Клубот од Флорида се обидува да се етаблира во фудбалската лига на САД, со тоа и аквизиција како Силва би помогнала многу во таа насока, не само во фудбалска смисла, туку и во маркетиншка и комерцијална.
Од европските тимови, најзагреани за Силва се Бетис, односно италијански Лацио. Симоне Инзгаги верува дека „El Mago“ би бил фантастично засилување за Лигата на шампионите, натпреварување во кое се врати Лацио по пауза од повеќе од десет години и во таа намера му нуди на Силва договор од две или три години, тежок четири милиони евра по сезона.
Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, веќе соработуваше со Силва во Манчестер Сити и тимот од „Бенито Виљамарин“ тука ја гледа шансата за ангажирање на искусниот фудбалер за врска.
Каде ќе заврши Силва, не е сигурно. Сигурно е единствено дека каде и да заврши, ќе пружа одлични партии и онака како што доликува ќе ја заврши својата врвна фудбалска кариера.