Владата се надева на кредит од Светска банка за изградба на 16 монтажни ковид болници – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 6:20 PM

Владата се надева на кредит од Светска банка за изградба на 16 монтажни ковид болници

Министерот за здравство Венко Филипче во телевизиско интервју кажа дека за проектот 16 монтажни ковид болници, кој во текот на следната недела ќе го предложат пред јавноста, се разговара за можноста да биде финансиран од кредитот од Светска банка.
-Во текот на утрешниот ден имаме работен состанок на којшто ќе ги образложиме пред експертите на Светска банка сите аспекти на овој проект, при што тоа подразбира подобрување и надградување на инфраструктурата во смисла на болнички кревети, како и на лабораториите, во смисла на тоа секоја болница има своја лабораторија за брзо тестирање, резултати кои ќе бидат готови за 45 минути, и секако планот за распределување на младите лекари, кои се сега лиценцирани пред неколку недели. Голем број од младите колеги, кои завршија и добија лиценци за работа покажаа интерес да работат со овие пациенти. Така што сметам дека ова е еден модел којшто ќе даде одлични резултати, и тоа што со надрадување на сите овие капацитети што ги спомнав и физичкото одделување на пациентите заболени од ковид, ниту една друга вообичаена работа нема да биде компромитирана, ниту ќе се создаваат листи на чекање. “ – вели во изјавата за Телма, министерот Филипче.
Министерството најавува 16 монтажни болници, кои ќе бидат поставени во септември, во исчекување на нов, втор бран на епидемијата од ковид – 19.