ИВЗ го откажа собирањето за Курбан Бајрам и повика на редуцирање на семејните посети – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 6:10 PM

ИВЗ го откажа собирањето за Курбан Бајрам и повика на редуцирање на семејните посети

Новото раководство на Исламската верска заедница (ИВЗ), покажува грижа за здравјето на верниците и за претојниот муслимански празник Курбан Бајрам ја откажа главната манифестација во 6 и 6 минути во петок, на 31 јули.
ИВЗ во соопштение повикува при Бајрамската молитва, верниците да ги почитуват мерките кои важаат и за извршување секојдневен намаз во џамија, односно, задолжително носење маска, дезинфекција на рацете или носење ракавици и секој верник треба да има лично сеџаде.
Од ИВЗ исто така известуваат дека иако сите џамии ќе бидат деизнфецирани, за извршување на молитвата да се користат дворовите на џамиите.
Исто така, се препорачува максимално избегнување на поздравите со физички контакт и откажување од посета на гробишта, додека традиционалните семејни посети да бидат максимално редуцирани, соопштува ИВЗ.