(видео)Огромна црна мечка се искапи во детски базен – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 5:59 PM

(видео)Огромна црна мечка се искапи во детски базен

Додeĸa ги полевала своите цвеќиња, на 19 jyли, американската Регина Келер забележала како голема црна мечка влегува во нејзиниот двор. Глетката не ја шокирала, бидејќи животот на влезот од шума, ја навикнал на секакви изненадувања. Во случајов, мечката само сакала да се олади – во малиот детски базен.
-Беше тоа најголемата мечка што ја имам видено во животот, раскажува Келер за Си-Ен-Ен.
Додека мечката спокојно се капела во базенчето,Келер полека влегла во куќата и од таму ја набљудувала мечката. Животното останало да ужива во водата повеќе од еден час. Заминала откако кучињата ја забележале и почнале да лаат.

БГнес