Забранета посета на болниците, но не и за функционерите на ДУИ – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 5:44 PM

Забранета посета на болниците, но не и за функционерите на ДУИ

Објавена фотографија на Бујар Османи од ДУИ, кој дошол во посета на неговиот сопартиец Талат Џафери, кој со пневмонија е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, предизвика бројни реакции во јавноста. Зарем посетата во болниците не е забранета, или тоа не важи за сите?

-Вчера бев деужер на Клиника, а Џафери не е позитивен на корона, е одговорот на Османи, прашан како се нашил на Инфективната клиника во време на корона епидемијата.

Османи во посета на Џафери дошол со сопартиецот Неџати Јакупи, актуелен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија. Под објавената фотографија на тројцата сопартијци од ДУИ, Османи напиша: „Еднаш борец, секогаш борец“.