Измамите дека наводно „вашата ќерка направи сообраќајка“ повторно актуелни – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 2:56 PM

Измамите дека наводно „вашата ќерка направи сообраќајка“ повторно актуелни

Полицискиот билтен бележи уште една измама во која наводно добивате телефонски повик дека ,,вашата ќерка имашпе сообраќајка, прегази некого и ако платете одредена сума ќе ја средиме работата,“ повторно актуелни. Последната се случила во текот на вчерашниот ден, за среќа намерата за измама навремено била осуетена.

„На 28.07.2020 во 18.15 часот во Полициска станица Бит пазар, К.Х.(62) од Скопје пријавила дека околу 14.45 часот се јавилo непознато лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во која повредила малолетно лице, нудејќи се да помогне ако за возврат му бидат исплатени 50.000 денари. Според пријавеното, потоа се јавило друго непознато лице, кое плачејќи се претставило дека е нејзина ќерка. По настанот пријавителката разговорала со нејзината ќерка и констатирала дека станува збор за обид за измама,“ велат од Полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.