Денес од 18 часот Вардар стартува со подготовките за новата сезона – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 2:31 PM

Денес од 18 часот Вардар стартува со подготовките за новата сезона

И покрај огромните проблеми во и надвор од теренот, неизвесната иднина и недефинираниот ростер, најдобриот македонски клуб Вардар денес од 18 часот ќе стартува со подготовките за претстојната сезона во ПМФЛ.

Во тренинг кампот во „Хиподром“, тренерот на клубот Александар Васоски ќе ја изврши првата прозивка, а клубот ќе претрпи промени во составот за кои од клубот најавија дека ќе информираат во следните неколку денови.

Вардарци ќе имаат десеттина денови период за подготовка пред првиот меч од сезоната против Борец од Велес, предвиден на програмата на деветти август.

Црвено-црните „кубурат“ на различни позиции на теренот, а очекувањата се дека Васоски сезоната ќе ја започне со младинци и кадети од академијата на Вардар, со оглед на тоа дека костурот од минатата година и воопшто сите фудбалери кои го носеа дресот, решија да ја променат средината и да продолжат во други клубови.

Последен во низата фудбалери кои го напуштија Вардар е капитенот и чувар на мрежата, Филип Гачевски.