Штип: Физичка пресметка меѓу пет лица, настрадале и четири автомобили – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 2:13 PM

Штип: Физичка пресметка меѓу пет лица, настрадале и четири автомобили

Претходна расправија меѓу петмина штипјани прераснала во физичка пресметка со тврди передмети. Освен што удирале меѓу себе, почнале да удираат и по автомобилите кои што се нашле пред нив. Оштетени се  четири возила.

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Р.(43), А.Р.(47), А.Р.(39), Е.Д.(35) и Д.Ј.(30), сите од Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

„На 29.06.2020 на ул.„Широк дол“ во Штип, по претходна расправија, помеѓу пријавените настанала физичка пресметка со тврди предмети, при што биле оштетени и четири патнички возила кои биле во непосредна близина,“ пишува во Полицискиот билтен.