Мауро Моранди веќе 30 години живее сам на преубавиот медитерански остров Будели во близина на Сардинија, но изгледа дека на таквиот живот му доаѓа крајот.
И покрај тоа што се надевал дека до крајот на животот ќе остане на островот, налогот за неговото иселување е подготвен. Сето ова освен ако тој нема намера самоиницијативно да го напушти островот, што Мауро нема никаква намера.
Локалните власти забрзано работат на планот да ја преуредат неговата колиба во научна станица за набљудување на живиот свет, со што ќе означи крај на неговиот престој на островот.
Моранди е поранешен учител и на островот пристигнал случајно кога се обидел да отплови од Италија до Полинезија пред 31 година. На прв поглед се заљубил во недопрената природа, кристално чистата вода, коралите и неверојатниото зајдисонце.
Ја преземал должноста од претходните чувари и сега на 82 години и понатаму сака да остане таму.
„Подготвен сум да направам се за да останам, дури и ако тоа значи да мораат да ме одведат од овде. Немам каде на друго место да одам. Сигурно назад на север никако, а и не би имал што да работам. Ова е мој живот. Не се гледам себе си да се коцкам“, вели Моранди за Си Ен Ен.
Моранди се надева дека локалните власти ќе му врачат налог за иселување штом летото ќе заврши.
„Се што барам е ако веќе морам да се иселам во текот на реновирањето, да се вратам потоа и да продолжам со она што го правам секој ден – да ги заштитам загрозените плажи со боја на розе корал и да ја чувам природата од туристи. Се плашам дека моето заминување ќе биде крај на Будели како таков“, објаснил Моранди.
Покрената е петиција за неговото останување на островот, а за неколу дена собрани се 2.600 потписи.
Островот од 2015 година под надлежност на Националниот парк „Мадалена“, а властите наведуваат дека само го почитуваат законот.
Преземено од: https://informer.rs/