Според последниот неделен извештај на ИЈЗ, кој се однесува на периодот од 20 до 26 месецов, Штип е повторно со највисока стапка на заразени.
Иако најголем број на новозаболени има во Скопје, стапката на зараза е највисока во Штип и Свети Николе а по нив следува Ресен.
Највисок морталитет е регистриран во Струга, Тетово и Куманово.

Најголем број од новозаболените се на возраст од 50 до 59 години.
Во овој период се регистрирани 32 смртни случаи, а во извештајот се нотира дека 26 од починатите имале коморбидитети.


