Постојат три начини на кои можете да ја привлечете среќата. Ова се всушност трикови со кои за кратко време би можеле да се ослободите од лошото расположение. Кога сте нерасположени, најлошо е чувството на беспомошност и чекањето бранот на незадоволство да исчезне сам од себе. Подобрете ја вашата емотивна состојба со помош на следните неколку совети:
Прошетка на свеж воздух
Истражувањата покажале дека одморот во природа ја намалува анксиозноста и носи позитивни емоции. Доколку живеете во град можете да прошетате барем пет минути до некој парк во близина, бидејќи тоа ќе направи да се чувствувате поубаво. Исто така, пешачењетпо е една од најдобите физички активности за опуштање. Додека шетате можете да си ги разбистрите мислите, да пронајдете добри решенија и да се ослободите од негативнат енергија.
Медитирајте
Петте минути забава на мобилниот телефон заменете ги со неколкуминутна медитација и набргу ќе почувствувате како духовно се развивате, односно подобро реагирате на стресот. Бројни истражувња покажале дека медитацијата може да го репрограмира вашиот мзоок во позитивна смисла, бидејќи не само што го намалува стресот, туку и ја зголемува продуктивноста. Исто така, ве поттикнува да се фокусирате на сегашноста, а не да ја трошите енергијата грижејќи се за минатото или иднината. Медитацијата има позитивен ефект на менталното здравје дури и кога ќе престанете да ја практикувате. Доколку сте почетник во медитирањето следете ги овие чекори: затворете ги очите и фокусирајте се на тоа како полека вдишувате и издишувате. Медитацијата нека стане дел од вашето секојдневие, односно постојан ритуал што ќе ви донесе мир.
Помогнете им на другите луѓе
Кога сме лошо расположение сакаме да се изолираме, да бидеме сами и што помалку да контактираме со другите. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека баш при првата појава на чувството на тага или лошо расположение треба да им помагаме на другите, бидејќи тоа ќе ни донесе позитивни емоции.
Постои јака врска помеѓу великодушноста и среќата – покажува истражувањето спроведено од магазинот Nature Communications. Истражувачите ги поделиле учесниците во две групи – првата требало да троши пари за другите во период од четири недели, а другата ги тршеле парите само за себе. Според скенирањето на мозокот пред и по експериментот, тие што ги донирале парите се чувствувале многу посреќни од испитаниците што трошеле само на своите потреби.
Кога сте лошо расположени, донирајте пари или предмети во хуманитаарни цели. Доколку немате можност за донација, направете некое мало добро дело – отстапете некому празно место во градскиот превоз, помогнете му на стариод сосед со торбите или помогнете му на некој друг во извршувањето на неговите обврски.
На овој начин ќе си овозможите добро расположение и на самите себе, но и на другиот. Емпатијата честопати е најдобриот лек.
Извор: lovesensa.rs