Се раѓа ли нов океан: Научници тврдат дека Африка се раздвојува на два дела – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 11:00 AM

Се раѓа ли нов океан: Научници тврдат дека Африка се раздвојува на два дела

Земјината кора ја сочинуваат десетина големи тектонски плочи кои непрестано се судираат. Новите сателитски мерења нудат драгоцени податоци за проучување на тектонското тло на едно од геолошки најнеобичните места на планетата, пишува американската телевизија НБЦ на својот веб-сајт.

На тоа место, кое едно од најтоплите на Земјата, долж сушното подрачје Афар, во источна Африка, може да се стои на местото на кое точно, но длабоко под земјата, континентот се раздвојува. Тоа е сложен геолошки процес за кој научниците сметаат дека ќе му требаат барем неколку милиони години за целосно да ја раздвои Африка на два континента и да создаде нов океански басен.

Засега најголем доказ е новата пукнатина долга 56 километри во Етиопската Пустина.

Тектонската судбина на африканскиот континет научниците ја проучуваат веќе неколку децении, а новите сателитски мерења им помагаат подобро да ги следат и разбираат промените.

„Ова е единственото место каде што може да се проучи како континенталниот простор станува океански“, вели Кристофер Мур од Универзитетот во Лидс, Велика Британија.