Неколку часа им требале вчера на италијанските полицајци да воспистават нормален сообраќај откако од камион што се превртел кај местото Бевано избегале 60.000 пилиња, јавуваат италијански медиуми, а пренесува РТС.
Камионот се превртел од засега неутврдени причини, по што почнало бркањето и собирањето на пилињата кои од приколката се распрскале по автопатот и околу него.
Возачот на камионот не бил повреден, а во акцијата за собирање на пилињата се евклучиле повеќе од сто луѓе.


