Хаос на италијански автопат: Од превртен камион избегале 60.000 пилиња – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 10:49 AM

Хаос на италијански автопат: Од превртен камион избегале 60.000 пилиња

Неколку часа им требале вчера на италијанските полицајци да воспистават нормален сообраќај откако од камион што се превртел кај местото Бевано избегале 60.000 пилиња, јавуваат италијански медиуми, а пренесува РТС.

Камионот се превртел од засега неутврдени причини, по што почнало бркањето и собирањето на пилињата кои од приколката се распрскале по автопатот и околу него.

Возачот на камионот не бил повреден, а во акцијата за собирање на пилињата се евклучиле повеќе од сто луѓе.