Онлајн-седниците на парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина понекогаш изгледаат како реалити шоу. Така беше и вчера, јавува „Радиосарајево“.
На седницата бил и Жељко Матоц, помошник министер за трговија и комуникации. Во неколку наврати ги вчодовидил и пратениците, но и гледачите, кога пред лаптопот се појавил во обична маица, поткошула, а во еден момент и вечерал.