Музичката ѕвезда Нина Бадриќ им се обрати на хрватските власти преку своите профили на социјалните мрежи за да им овозможи на музичарите повторно да работат.Пејачката изјави дека веќе половина година таа и нејзините колеги не биле во можност да работат поради корона, и дека музичарите можеби се единствените на кои им е одбиена дозволата да ја вршат работата од која живеат.
– Ова не е хоби, ова не е шега. Егзистенцијата на многу луѓе зависи од оваа работа, а многу од нив се гладни заради тоа и крпат крај со крај. Го молаам Министерството да се изјасни за проблемот со нас музичари и да отвори можност, секако, под сите мерки, затоа што здравјето е поважно, да се започне одново со работа – праша Бадриќ.
Обраќањето на Нина привлече големо внимание, а една жена и понуди работа на Фејсбук.
– За неколку дена собираме компири, триесет хектари, околу Бјеловар и ни требаат работници, плаќаме дневница. Ве молам вас од редакцијата да ја известите дали сака да работи. Може да ги земе и Маја (Маја Шупут), Северина, модниот мачор (Марко Грубниќ) и сите оние кои земаа помош од државата. Само кажете и да не да не доаѓа во оној дизајнерски фустан илјадници евра, за кој се фалеше пред околу неколку месеци, затоа што врнеше деновиве и има многу кал – рече жената.


