Коронавирусот не стивнува во Соединетите Американски Держави. Синоќа беше соопштено дека по 2,5 месеци е регистриран нов неславен рекорд во починати за 24 часа – 1.592. Бројот на заразени во САД од почетокот на пандемијата достигна до 4,3 милиони, а на починатите – 150 илјади.
Поради состојбата со коронавирост, во САД траат жестоки расправи за повторно отворање на училиштата. Претседателот Трамп и неговата администрација заговараат враќање во училишните клупи, додека некои наставници и здравствени работници се повикуваат на продолжување на концептот за онлајн настава.