Млади доктори отвориле лажни профили на социјалните мрежи со цел да можат да ги гледаат своите колешки во бикини и од тоа направиле истражување.
Во медицинскиот магазин за васкуларна хирургија неодамна е објавено „истражување“ во кое младите доктори ги прегледувале профилите на докторите на социјалните мрежи и заклучиле дека многу од нивните објави се „потенцијално непрофесионални“ бидејќи објавувале „провокативни фотографии во бикини, костими за капење и алкохол“.

„Истражувањето“ се занимавало само со жените и нивните објави на социјалните мрежи, а во „провокативно и непрофесионално однесување“ спаѓаат и обични фотографии од плажа. Лекарите од цел свет одлучиле да покажат колку ова истражување е сексистичко и безначајно, па со хаштагот #MedBikini почнале да објавуваат фотографии во бикини и со алкохол.

Некои од нив фотографиите ги поделиле со нивното професионално постигнување, а една докторка објавила и слика од себе си во бикини и во медицинска облека со објаснување: „Докторите во бикини ќе ви го спасат животот дури и среде океан кога же ве удри брод“.

Жените кои морале уште еднаш да докажуваат дека нивниот начин на облекување, во слободно време нема никаква врска со нивната компетенција.

Преземено од: https://dnevnik.hr/


