Седум лаги за сексот кои ни ги сервира порнографијата – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 10:11 PM

Седум лаги за сексот кои ни ги сервира порнографијата

Ако гледате филмови за возрасни треба да имате на ум дека ќе „посведочите“ на прилично нереални сцени кои не го прикажуваат сексот во вистинско светло. Тие се преполни со фантазии кои  не се изводливи во реалноста, а во продолжение прочитајте кои се најчестите лаги во порнографијата.

Секоја жена секогаш доживува оргазам

Ова е неточно. Сосема е нормално жените да не го достигнат врвот во сексуалниот однос. На крајот на краиштата, поентата на сексот не е само во оргазмот. Сексуалниот однос ги зближува партнерите и во емотивна смисла, а не само во физичка, така што тој може да биде прекрасен начин на интимно поврзување и без оргазам.

Сексот мора да трае барем половина час

И сексот на брзина може да биде супер. Кога сте одморени и имате време, сексот може да биде повеќечасовно уживање, но колку тој трае и воопшто не е важно додека и двајцата партнери се задоволни.

Жената секогаш пред секс е совршено издепилирана

Не дозволувајте влакненцата да бидат пречка во вашиот сексуален живот, бидејќи во реалноста жените не може секогаш да се беспрекорно издепилирани.

Мисионерската поза е „аут“

Експериментирањето во креветот е добредојдено, но тоа не значи дека секогаш мора да пробувате нешто ново и да бидете диви. На експериментите препуштете им се кога ќе бидете расположени за тоа, а не на сила. Понекогаш класичната мисионерска поза е се’ што ви треба.

Добриот секс е многу гласен

„Бучниот“ секс кој го слушаат и соседите, не е по автоматизам добар. Понекогаш се работи за глума. Кога уживате во сексуалниот однос, тоа слободно можете гласно да му го дадете до знаење на партнерот, но немојте да мислите дека задолжително треба да сте многу гласни и со тоа да го охрабрувате секоја секунда. Правете го тоа природно, тогаш кога ќе почувствувате потреба за тоа.

Сексот за време на работно време во канцеларија е целосно прифатлив

Или сексот во ресторан, парк, теретана…На страстите сепак не е културно да им се предадете на јавни места, каде што некој би можел да ве види или слушне.

И двајцата партнери постојано копнеат по секс

Бројни се причините поради кои некогаш не сте расположени за секс и тоа е целосно нормално и природно. Затоа не грижете се ако еден од вас, или пак двајцата не сте подготвени за ваков однос секој ден.

 

Извор: avaz.ba