Кога децата лажат? – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 8:59 PM

Кога децата лажат?

Многубројни може да биде причините за криење на вистината, премолчувања и лажење. Кога овие карактеристики се застапени во детското секојдневие се поврзани со воспитувањето и однесувањето на самите родители. Кои се причините кои најчесто доведуваат до лажење од страна на децата прочитајте во продолжение.

Превисоки очекувања

Според психолозите, метафорички кажано, границите на детето не треба да му се постават превисоко, бидејќи во таков случај детето ќе настојува да ви угоди и да ги задоволи вашите очекувања, барем со некаква приказна. При тоа, нема да ви ја признае вистината, ќе ја премолчи или ќе измисли приказна за која ќе претпостави дека ќе помине кај вас.

Авторитетен родител

Овој стил на воспитување е карактеристичен за родителите кои се воздржани кон своето дете, строги се и не искажуваат многу љубов и нежност. Комуникацијата помеѓу родителите и детето подлежи на одредени правила. Авторитетните родители му поставуваат на детето превисоки цели, затоа што сакаат нивното дете да биде послушно. Родителите кои практикуваат ваков стил на воспитување праќаат порака до детето дека тоа мора да соработува и да биде послушно, а при тоа детето подлежи на притисок, казни, срам и слично. Детето одгледано од вакви родители може да биде послушно само затоа што е принудено на тоа. Тоа дете не се осмелува да им каже се’ на родителите и затоа неретко лаже или ја премолчува вистината.

Совршени родители

Ова пак, е верзија на преголеми очекувања. Родителот кој за себе зборува во суперлатив и се претставува себеси во најдобро светло, му создава чувство на детето на помала вредност, или грижа на совест бидејќи не успева да го достигне таквиот успех.  Покажете му на детето дека е човечки да се згреши, за да може од грешките да извлече некаква поука.

Несложни родители

Кога родителите не соработуваат и влегуваат во контакти, детето се препушт на лажењето за да може да го искористи несоработувањето и да го постигне она шо го сака. Особено е лошо пред детето едниот родител да зборува против другиот.

Лош пример

Родителите кои лажат, претеруваат и манипулираат, му даваат на детето негативен пример кој самото дете ќе го следи.

 

Извор: prakticanzivot.com