Ние сме среќни и вие пронајдете си среќа-Манекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветановски, екс директорот на финансова полиција во љубов – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 7:50 PM

Ние сме среќни и вие пронајдете си среќа-Манекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветановски, екс директорот на финансова полиција во љубов

Манекенката Дунавка Трифуновска и екс директорот на финансова полиција, Ване Цветановски јавно ја признаа љубовта. Со потврдата  им ја затворија устата на сите коментари по вчерашната објава на Цветановски дека ужива во Турција со новата љубов, но бидејќи точно не се гледаше ликот на девојката, а сликата подоцна ја избришаа,  денот помина во прашалници- која е??

Иако вообичаено жените се тие кои први прозборуваат за љубовта, овој пат е обратно. Дунавка ништо не коментира,  оставила сама да зборува сликата за среќата и сродната душа, а која ја објавила на Инстаграм и Фејсбук, која ја објаснила со хаштаг-  #happiness  #soulmate, кои доволно објаснуваат дека е среќна и дека ја пронашла својата сродна душа.

https://www.instagram.com/p/CDMPsGqHpXu/?igshid=14m3nigzvovju&fbclid=IwAR1LV2BKpbXI2Vf_AxSyeJ0rRlTdzifMBrR6m8AvveJ4QPEOrXjXyyWt8Kw

Но, затоа, пак,  љубовта ја објасни Цветановски, кој воедно и се обиде и да им ја затвори устата на сите лоши коментари.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2389765747983210&set=a.1379325189027276&type=3&theater

-Во принцип ретко објавувам приватни фотографии, но кога започнувам љубовна врска со жена во вистинска смисла на зборот, мојата врска ја објавувам јавно.  После мојата вчерашна објава се разбрануваа голем број на луѓе и следеа доста реакции. Повеќе од 95% беа позитивни честитки и посакување среќа. Изразувам искрена благодарност за убавите честитки и коментари до сите кои што од срце се израдуваа и честитаа преку оваа прекрасна фотографија. За оние 5% кои што имаат нејаснотии, им посакуваме да си ја пронајдат својата среќа. Од срце ви испраќаме гушки и поздрави од Турција, напиша Цветановски на својот профил на Фејсбук.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2390321371260981&set=a.1483169715309489&type=3&theater