Јавно да се објават фирмите кои зеле пари од државата, а не им исплатиле на работниците – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 7:03 PM

Јавно да се објават фирмите кои зеле пари од државата, а не им исплатиле на работниците

Поранешниот советник на екс министерот за финасии Драган Тевдовски, Бранимир Јовановиќ, реагираше на информацијата на директорката на УЈП, Сања Лукаревска, дека фирми кои добие по 14.500 денари по работник, како државна помош, не им исплатиле на своите вработени или делумно им скратиле.

– Фирмите кои добиле државна помош, а не им ги исплатиле парите на работниците, веднаш да бидат казнети и објавени. Ако ова не се направи, секоја фирма во иднина ќе знае дека може слободно да си ги крши законите на штета на работниците и да поминува неказнето. И во иднина, кога ќе се дизајнираат вакви мерки, парите директно да им се исплаќаат на работниците, а не преку фирмите, објави Бранимир Јовановиќ.

281 работодавач во април примиле поддршка во износ од милион денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработен и во мај 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари. Од УЈП утврдиле дека 120 даночни обврзници кои добиле финансиска поддршка не исплатиле плата за своите вработени и за месец април и за месец мај, а осум даночни обврзници исплатиле помалку плата за двата месеца.

Работодавачи од Скопје, Тетово, Гостивар, Стругa, ја зеле финaнсиската поддршка од државата за исплата на плата на вработените, но не ја исплатиле на работниците. Ова го покажа анализата на Управата за јавни приходи.

Директорката на УЈП Сања Лукаревск, денеска на прес-конференција апелираше до работодавачите кои ја добиле финансиската поддршка, а не ја исплатиле кон работниците тоа да го сторат пред јавно да бидат објавени.

-Апелирам до сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта беше да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите. Да го направат тоа пред да бидат јавно објавени, истакна Лукаревска.