Мустафи го пропушта стартот на новата сезона – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 6:51 PM

Мустафи го пропушта стартот на новата сезона

Германскиот репрезентативец со македонски корени, Шкодран Мустафи, најверојатно ќе го пропушти стартот на следната сезона во Премиер Лигата, откако направи операција на тетивата.

Оваа повреда ќе го оддалечи дефанзивецот на Арсенал најмалку два месеци и „топџиите“ очекуваат тој да се врати на тренинзи во октомври. Мустафи повредата ја заработи во полуфиналниот дуел во ФА Купот против Манчестер Сити, во кој неговиот тим го победи фаворизираниот тим на Гвардиола и закажа финале на први август против лондонскиот ривал Челзи.

-Дополнителните проверки во текот на изминатата недела идентификуваа повреда на десната тетива. Како резултат на тоа, Шкодран имаше операциски зафат и сега почнуа да се рехабилитира, стоеше во соопштението на клубот.

Дваесет и осумгодишниот Мустафи, во Арсенал пристигна од тимот на Валенсија.