Тврдењето на Димитар Апасиев од Левица дека на пратеници им се нудат пари за формирање на новото мнозинство, го потврди лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во интервју за ТВ Сител, Мицкоски рече дека е згрозен од тоа дека им пристапуваат луѓе, кои се претставуваат дека доаѓаат од името на раковдството на СДСМ и им нудат суми од шест и седумцифрени износи во евра.
-Се згрозувам од тоа што ми го пренсеуваат пратениците како им приатапуваат луѓе кои се претставуваат од име на дел од раковдството на СДСМ и им нудат привилегии за нив, за нивните семејства, се споменуваат шест, седум цифрени износи во евра, амнестии за судски случаи итн, изјави Мицкоски.
Тој ова го изнесува во јавноста, како рече, да расчити во јавноста.
-Ако некој има дилема дали тоа се случува, еве, да ја нема, да расчистам дека дел од тие 44 пратеници од колацијата „За обнова на Македонија“ веќе имаат искуства со луѓе, кои им пристапуваат и им го ветуваат тоа, дури на крај да имаат средба со врвот на раководствот на СДСМ. Се разбира, сите тие се брутално одбиени и згрозени, рече Мицкоски.
Во однос на формирањето на мнозинство и коалицирање со ДУИ, кои како услов поставуваат премиер Албанец, Мицкоски рече дека нивниот став за тоа е познат.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ не исклучи нови предвремени избори доколку е дојде до формирање на влада.


