Четириесет и едногодишниот хрватски пикер, Ренато Сулиќ, ќе ја продолжи својата кариера, иако сите мислеа дека после оваа сезона ќе ги стави патиките на клин, во тимот од неговото детство, РК Замет Ријека.
По 15 години одлична кариера во најдобрите европски лиги и тимови и оставен посебен печат во екипата на Веспрем, светскиот првак со репрезентацијата на Хрватска од Португалија 2003, последната кариера пред пензија ќе ја одигра во својата родна земја и град.
Со Замет Ријека, ветеранот има освоено една лигашка титула во 1996 година, со Загреб дури три, со Пивоварна Лашко две и еден куп на Словенија, а со Веспрем девет лигашки титули, десет купови и две титули во СЕХА Лигата. Единствено што не може да се пофали Сулиќ е титула во Лигата на шампионите, а скопски Вардар е една од причините поради која Веспрем не успеа да го крене долгоочекуваниот и посакуван трофеј.