Утре се отвора мобилниот пункт за тестирање во Свети Николе – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 4:05 PM

Утре се отвора мобилниот пункт за тестирање во Свети Николе

Пет дена откако беше упатено барањето на Кризниот штаб на Свети Николе, веќе од утре во 11.30 часот почнува со работа мобилниот пункт кај Новиот здравствен дом “Г.Гаврилски” за земање на брисеви.

Во пунктот ќе работат вработени од Центарот за јавно здравје од Велес, кои  ќе  земаат  брисеви на заболените од Ковид-19 од Свети Николе. Пунктот ќе работи се додека има потреба.

За почеток ќе бидат тестирани 25 лице, кои со денови чекаат да им бидат направени контроли тестови по изминување на периодот од 14 дена.

Министерството за здравство појаснува во соопштение дека контролните прегледи ќе се закажуваат од ЦЈЗ Велес од страна на докторите, а првичниот преглед ќе се закажува преку матичен лекар.

Од Општинскиот кризен штаб на Свети Николе реагираа дека доцнењето со земањето на контролните тестови непотребно ги држи затворени граѓаните дома, додека реалната бројка на заболени е далеку помала од прикажаната. Со земањето на тестовите и добивањето на резултатите, очекувањата се дека близу сто лица од Свети Николе и Лозово ќе завршат со изолацијата.