Солени пржени крофни со квасец и пециво – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 2:58 PM

Солени пржени крофни со квасец и пециво

  1. 500-550гр. брашно
  2. 1 сув квасец
  3. 1 пециво
  4. 1лаж. сол
  5. 1 јајце
  6. 200мл. млеко
  7. 200мл. јогурт
  8. фил
  9. 250гр. кашкавал
  10. 250гр. шунка
  11. 5лаж. кечап
  12. оригано,масло за пржење

Подготовка

– Во длабок сад просејте го брашното и додадете му ги сите други суви состојки (сол, пециво, квасец).

– Ставете го целиот јогурт и полека додавајте го млекото, мешајќи со миксер додека да добиете тврдо тесто и тоа да може да се обликува во топка.

– Тестото покријте го со влажна кујнска крпа и оставете го 15 минути да отстои.

– Тестото поделете го на два еднакви дела расукајте ги потенко и идентично.

– На едната половина од тестото ставете кечап, кашкавал и шунка и преклопувате со второто тесто.

-Филот го нанесувате на едно место со лажица така да кога ќе го ставите второто тесто да знаете каде ќе ги формирате крофните со чаша.

– Крофните ги оставаме да стасаат околу половина час.

– Пржете ги во многу врело масло додека да добијат убава златно-кафена боја.

 

izvor: moirecepti.mk