- 500-550гр. брашно
- 1 сув квасец
- 1 пециво
- 1лаж. сол
- 1 јајце
- 200мл. млеко
- 200мл. јогурт
- фил
- 250гр. кашкавал
- 250гр. шунка
- 5лаж. кечап
- оригано,масло за пржење
Подготовка
– Во длабок сад просејте го брашното и додадете му ги сите други суви состојки (сол, пециво, квасец).
– Ставете го целиот јогурт и полека додавајте го млекото, мешајќи со миксер додека да добиете тврдо тесто и тоа да може да се обликува во топка.
– Тестото покријте го со влажна кујнска крпа и оставете го 15 минути да отстои.
– Тестото поделете го на два еднакви дела расукајте ги потенко и идентично.
– На едната половина од тестото ставете кечап, кашкавал и шунка и преклопувате со второто тесто.
-Филот го нанесувате на едно место со лажица така да кога ќе го ставите второто тесто да знаете каде ќе ги формирате крофните со чаша.
– Крофните ги оставаме да стасаат околу половина час.
– Пржете ги во многу врело масло додека да добијат убава златно-кафена боја.
izvor: moirecepti.mk


