Корона вирусот однесе илијадници животи ширум светот, а стручните лица советуваат да се носат заштитни маски, покрај редовната хигиена и редовното миење на раце, со што би се намалил ризикот од ширење на оваа инфекција. Медицинската маска која ја носиме на лице или памучната маска мора да се носи правилно со цел да се заштитиме.
Сајмон Колст од Универзитетот во Портсмут споделил трик за проверка на ефикасноста на заштитната маска.
Самиот тест трае секунда, се што вам ви е потребно е запален свеќа. Како што вели Колст, во неа треба да дувнете низ маската. Ако не успеете да го изгасите пламенот, тоа значи дека маската совршено ве заштитува.
Од друга страна ако успеете да го изгасите пламенот преку маска или само ако успеете да го раздвижите. Маската пропушта премногу воздух и не заштитува добро.
„Иако е важна и длабочината на воздухот кој го земате и одалеченоста од свеќата, одредени маски немаат доволно материјал за да го спречат ширењето на вирусот. Маската преку која е најтешко да го изгасите пламенот воедно е и најдобра препрека за ширење на виросот“, изјавил Колст.
Преземено од: https://www.kurir.rs/