Џарел Еди од следната сезона ќе соработува со Кокошков – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 2:11 PM

Џарел Еди од следната сезона ќе соработува со Кокошков

Американскиот кошаркар и довчерашен играч на шпанска Мурсија, Џарел Еди, официјално потпиша со турскиот гигант Фенербахче и следната сезона ќе го носи дресот на тимот од Босфорот.

Договорот ќе го остави Еди минимум една година во Фенер, а постои можност истиот да биде продолжување на уште една година.

Дваесет и осумгодишниот бек за Мурсија во просек по натпревар постигнуваше по 14.4 поени и оствари 3.1 скок во повеќе од 22 меча.

Од линијата за три поени, Еди има солидни 44 отсто. Во јануари годинава,  Eди го сруши клупскиот рекорд постигнувајќи дури дест тројки.

Пред искуството во Шпанија, Америкенцот европското деби го направи во Франција, во тимот на Стразбур.