Бевме мачени и силувани од чуварите и полицијата, сведоштво на затворенички од Севeрна Кореја – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 2:11 PM

Бевме мачени и силувани од чуварите и полицијата, сведоштво на затворенички од Севeрна Кореја

Жените во Севрна Кореја кои се на издржување затворска казна и се наоѓаат во затворските кампови изложени се на мачење, силување и други облици на насилство од страна на чуварите и полицијата, стои во извештајот за човекови права кој денеска го објави Обединетите Нации.

Извештајот се состои од интервјуа на жени кои успеале да побегнат
Извештајот насловен „Уште чувствувам болка“ содржи сведочења на повеќе од 100 жени кои биле затворени во период од 2009 до 2019 година кои не успеале да ја напуштат земјата, пренесува Ројтерс. Интервјуата направени се по нивното ослободување и бегство во Јужна Кореја, а во нив се наоѓаат сведоштва за скратување на храната, сонот, дневната светлина и свежиот воздух во затворскиот кампус и логори.

Затворениците биле мачени, силувани и присилувани на абортус
Многумина од интервјуираните затворенички раскажале како биле мачени, присилувани на абортус и силувани. Сите жени кои биле интервјуирани успеале да побегнат во Јужна Кореја.

„Не сум спиела и не работев затоа што не сакав да ме тепаат. Многу  беше тешко до таа мера што се обидов и да се самоубијам“, изјавила една од жените. Друга пак се присетила на една од оние ноќи во логорот во 2010 година кога ја силувал еден од чуварите.

„Ми се закануваше дека ќе бидам понижена ако го одбијам. Дури и ми рече дека може да ми помогне порано да бидам пуштена ако го слушам што зборува“, раскажала таа.

Даниел Колинг од Обединетите нации кој е еден од коавторите на извештајот рекол дека нивната цел на проектот е да создадат притисок на Пјонгјанг да ја поправи ситуацијата.

Северна Кореја не реагирала на извештајот, но порано критиката за човековите права во земјата ја нарече заговор за соборување на режимот.

Преземено од: https://www.index.hr/