Судот во Египет денска осуди неколку млади девојки на по две години затворска каза поради објавување „непристојни“ танцувачки видеа на социјалната мрежа „TikTok“, во случај кој критичарите го опишуваат како додатно сузбивање на самоистражувањето во конзервативното општетсво.
Жените се казнети со по 300.000 египетски фунти или 19.000 долари за „кршење вредности и принципи на египетските семејства, потикнување на разбојништво и промовирање на трговија со луѓе“, се наведува во соопштението од јавниот суд.
Адвокатите на тужените ќе поднесат жалба на пресудата.
Во соопштението од обвинителството именувани се двајца обвинети и се вели дека уште три други лица помогнале во управувањето со нивните профили на социјалните мрежи.
И двете обвинети станаа познати поради „ТикТок“, собраа милиони следбеници заради нивните 15-секунди видеа во кои позираат со шминка во автомобили, играат во кујни и имаат шеговите скечеви.
Сепак, нивната слава на социјалните медиуми стана нивно поништување во Египет, каде граѓаните можат да завршат во затвор за нејасни злосторства како „злоупотреба на социјалните медиуми“, „ширење лажни вести“ или „поттикнување неморал“.
Распространетата петиција преку Интернет го опиша апсењата како „систематски напад врз жени со ниски приходи“ и ги повика властите да ослободат девет млади жени приведени во последните месеци за објавување видеа на „ТикТок“.
Преземено од: https://www.danas.rs/