Зошто не треба да ја убивате одвратната куќна стоногалка – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 10:54 AM

Зошто не треба да ја убивате одвратната куќна стоногалка

Куќните стоногалки изгледаат ужасно , но размислете два пати пред да ги убиете.

Домашните стоногалки главно имаат 15 нозе и се движат со брзина од 40 сантиметри во секунда, што е добро објаснување зошто е невозможно да се фатат.

Луѓето обично ќе го земат првиот предмет кој што ќе им дојде при рака-,влечка, патика, весник за да ги убијат, но нивната улога во вашата куќа е многу поважна од што мислиме.

Домашните стоногалки јадат инсекти-муви, молци, лебарки, термити. Ги користат двете предни нозе блиску до главата за вбризгување на отровот, а  останатите нозе им служат за полесно контролирање на жртвата.

Стоногалките не ги убиваат само инсектите кои сигурно не ги сакате во својата куќа, туку го спречуваат и правењето на гнезда и мрежи. Тие се активни ловци и непрекинато го бараат својот плен. Не го оштетуваат дрвото и не пренесуваат опасни болести, туку само ловат инсекти.