Гостиварско Здуње конечно ќе добие фекална канализација – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/18 1:57 PM

Гостиварско Здуње конечно ќе добие фекална канализација

Гостиварско Здуње конечно ќе добие фекална канализација. За неполн месец ќе заврши изградбата на цефководот за отпадни води. Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари рече дека како за овој така и за многу други проекти, советот на општината и централната власт му правеле опструкции.

Според најавите на општинската власт за две до три недели на фекалната канализација ќе биде приклучено половина село. Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари рече дека допрва ќе биде сопштена сумата за овој проект кој ќе биде реализиран од Јавното претпријатие „Комуналец“ и општина Гостивар.

Тој најави и повеќе инфраструктурни зафати за периодов што следи. Жителите од Здуње искажаа благодарност за проектот фекална канализација.

Деновиве започнаа и градежни активности за реконструкција на патот, кој ги поврзува гостиварските села Лакавица – Србиново.