Казнувајте, ама прво објаснете ја точка 13- НУК и ЗЕУМ бараат од Владата и Комисијата појаснување на Протоколот за работа на угостителските објекти – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 10:54 AM

Казнувајте, ама прво објаснете ја точка 13- НУК и ЗЕУМ бараат од Владата и Комисијата појаснување на Протоколот за работа на угостителските објекти

Точката 13. ( Забрането организирање на музички настан) од Протоколите за работа на угостителски објекти, со која угостителите и естрадните уметници се доведени во недоумица дали и под кои услови можат да имаат настапи во овие објекти беше причина доцна соноќа да се состанат претставници на  Здружението на естрадни уметници и Независната угостителка комора, по што до Владата и Комисијата за заразни болести упатија барање  за ургентно  укинување или појаснување и толкување на поимот „музички настан“ наведен во оваа точка, а со цел да се надмине и недоумицата во која се наоѓаат во моментов- дали естрадните уметници смеат да имаат настапи во угостителски објекти без да го прекршуваат важечките протоколи за работа!

Во заедничкото соопштение до медиумите што по состанокот го испратија се вели дека ова барање произлегува како последица на тоа што ЗЕУМ и НУК не гледаат причини зошто не би можело да се организираат музички настапи, односно  т.н. “музички настани” во угостителски објекти доколку се почитуваат важечките протоколи за работа.

Здружние на естрадни уметници на Македонија и Независна угостителска комора

 

„Со оглед дека моментално важечките протоколи не ги опфаќаат сите потребни елементи за заштита на личното и јавното здравје од овие музички настапи односно т.н. “музички настани”, ЗЕУМ и НУК во наредните денови ќе достават дополнителни предлог препораки за начини спроведување на музички настапи за естрадни уметници во угостителски објекти со што ќе се тргнат сите дилеми кои произлегуваат од точка 13 од Протоколите за работа и притоа ќе ја олеснат работата на Државниот пазарен инстекторат. Односно на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски со што ​на претходно дадените изјави – дозволено е само да има музика во живо, но музичарите да се настрана од гостите и да нема групирање, ќе им ја олесни работата во нивното правилно толкување.  ЗЕУМ и НУК во целост ќе ги подржат сите инспектори на ДПИ максимално да ги казнуваат сите оние што не се придржуваат до препораките и протоколите за работа во случај на настап на естрадни уметници – музички настани во угосителски објект, се со цел да не се етикетираат подеднакво сите останати кои максимално вложуваат во реализацијата на овие настапи и настани да бидат организирани и одржани по сите важечки препораки и протоколи. Оттаму и  НУК и ЗЕУМ воедно упатуваат и апел до сите естрадни уметници каде се сведоци дека угостителите неможат да овозможат да ги спроведат своите настапи во целост согласно протоколите и препораките за одржување на настанот, да ги откажат своите гостувања и настапи во целост и во интерес на заштита на сопственото и јавното здравје на гостите и останатите угостителски работници, се вели во соопштението на Здружението и на комората.