Во ланските големи пожари во Австралија изгореа или беа раселени речиси три милијарди животни, потврдија деновиве научници во извештајот од специјалното истражување, објавува Би-Би-Си.
„Ова е една од најлошите катастрофи на дивиот свет во модерната историја“, соопшти Светскиот фонд за природа“, кој го нарачал извештајот.
Минатото лето цела Австралија беше зафатена од големи пожари во кои загинаа и најмалку 33 луѓе. Австралиската влада пред половина година соопшти дека на 113 животниски вида им е неопходна итна помош по пожарите.