Ересундскиот е еден од најфасцинантите мостови во светот. Тоа е комбинација на мост и тунел, а за потребите на неговата изградба беше направен цел вештачки остров. Воедно, тоа е најдолг мост во светот кој премостува и државна граница.
Мостот води преку Ересундскиот Теснец и ги поврзува градовите Копенхаген во Данска и Малме во Шведска. Официјално беше отворен пред точно 20 години, во јули 2000 одина, а изградбата на тој архитектонски џин траеше седум години.
Целиот проект се состоеше од изградба на мостот, тунелот и на островот, а вкупната должина му е неверојатни 16,4 километри.