Масовна тепачка на фудбалерки, од кои една заврши со потрес на мозокот, се случила вчера на бараж-натревар за влегување во Премиер лигата на Босна и Херцеговина помеѓу „Либеро“ од Горажде и „Сана“, пишуваат босански медиуми.
На мечот што се одиграл во Горажде, всушност, масовна тепачка имало во неколку наврати, а дамите-фудбалерки, веројатно полни со енергија поради долгата изолација заради почитување на мерките за заштита од коронавирусот, на мечот заработиле дури 15 жолти и два црвени картона. Мечот, сепак, бил доигран и завршил со победа на гостиниките од 5-3.