Како и во претходните месеци откако почна пандемијата со корона вирусот, и оваа пензија за пензионерите кои не користат картичка, банките ќе ја реализираат во четири групи, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Денеска ќе се исплаќаат пензиите со висина до 11 илјади денари.
Утре , пензиите од 11 илјади и еден денар до 14 илјади денари.
Во четврток , ќе се исплаќаат пензиите во висина од 14 илјади и еден денар до 18 илјади денари.
И во петок ќе се врши исплата на пензиите над 18 илјади денари, соопштуваат од министерството за труд и социјална политика.
Пензионерите кои користат картичка, средствата од пензијата им се достапни од денеска.