Во земјава лани се регистрирани 91 заболен од хепатит Б – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 8:32 AM

Во земјава лани се регистрирани 91 заболен од хепатит Б

Лани во земјава се регистирани 91 заболен од хепатит Б, а вирусниот хепатитис Ц е регистриран кај 50 случаи, соопшти денеска Министерството за здравство на светскоиот ден на хепатитис.

Од Министерството додаваат дека за хепатитис А и хепатитис Б постои вакцина како превентивна мерка.

– Вакцинација за хепатитис Б во нашата земја од 2004 година се спроведува како рутинската за сите новородени, а дополнително се спроведуваат вакцинални програми кои ги опфаќаат ризичните групи како пациенти на дијализа, здравствени работници –  велат оттаму.

Светскиот ден на хепатитис се одбележува секоја година на 28 јули со цел подигнување на свесноста за глобалното значење на вирусниот хепатитис, заштитата и влијанието врз здравствената состојба.