Сопственикот на објектот „Фонтана“ не го почитува решението за уривање, па општината ќе мора тоа да го прави преку избраната компанија, за што е и распишан тендер. Општината сѐ уште не знае кој е сопственикот на дивоградбата.
Од општината велат појаснуваат дека се работи за тендер за избор на компанија за уривање на илегалниот објект изграден на терасата на кафулето „Фонтана“ кај ТЦ Мавровка, а избраната компанија ќе се користи за уривање и на други дивоградби.
„Од страна на СВР Скопје се уште се работи на обезбедување на сите писмени докази и се преземаат активности за утврдување на идентитетот на вршителот на ова кривично дело. Во текот на истражната постапка, во текот на преземањето активности од страна на полицијата, Обвинителството ќе ги издаде сите наредби и барања кои се потребни за обезбедување докази и утврдување на идентитетот на вршителот на кривичното дело“, велат од ЈО.
мкд.мк