Келнер открива: Еве кој пијалоци јас никогаш не би ги порачал во кафуле! – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/18 12:40 PM

Келнер открива: Еве кој пијалоци јас никогаш не би ги порачал во кафуле!

Една од поновите македонски поговорки вели дека со лекаритте, полицајците и келнерите не треба никогаш да се расправате, бидејќи во тој конфликт секогаш ќе го извлечете подебелиот крај.

Еден новинар разговараше со неколку келнери и излезе со вредни кафански совети – што не треба да нарачувате во угостителските објекти.

Млечни коктели: Вие сте обожавател на вакви коктели, но келнерите тврдат дека користат млеко што е со истечен рок.

Точено пиво: Подобро варијанта е секако, флаша пиво, иако тоа е малку поскапо. Фабриките кое пласираат точено пиво во големи боци се секогаш полни со бактерии и ретко се чистат. Ако сакате да знаете каква хигиена има во фабриките, погледнете во хигиената на тоалетот, препорачуваат келнерите.

Мохито: Ви се допаѓа овој коктел? Епа, ние ќе мораме да ве разочараме, во него најчесто се користи суво нане и расипан лимет.

Сè што е замрзнато: Никогаш не земајте лед во кафулиња. Кажете им на келнерите да не ви ставаат затоа што најчесто ледоматите се валкани.