Јавниот простор во строгиот центар на Тетово, откако е пренаменет во парцела за јавен паркинг не е исчистен. Разновиден смет за таложи по ќошињата на ова јавно место.
Станарите кои живеат во близина на овој јавен паркинг со свои средства и напори ја оплеменуваат и разеленуваат површината. Велат дека никој не води грижа за оваа парцела, иако е лоцирана во строгиот центар на Тетово. Да биде трагедијата уште поголема од јавниот паркинг воопшто не се подигаат отпадоците, кои секојдневно ги фрлаат несовесните граѓани.
Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, рече дека не е запознаена со проблемот на жителите од овој дел на градот. Вели дека надлежните ќе интервенираат.
Ако не се интервенира што поскоро, жителите велат дека ќе го блокираат јавниот паркинг, како знак на револт заради неажурноста на институциите.