Работници опфатени со владините мерки, наместо минимална плата, добивале 50 или 80 % од неа – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/20 3:20 PM

Работници опфатени со владините мерки, наместо минимална плата, добивале 50 или 80 % од неа

Отпуштање на работници со договори за определен работен однос, наместо исплата на минимална плата за работници опфатени со владините мерки , се исплаќа од 50-80% од платата, притисоци врз работниците да не се откриваат контактите на лицата заболени од ковид 19, се дел проблемите на кои што се пожалите работниците во источниот регион од земјата, информираат од ,,Гласен текстилец.“

„Од појавата на короновирусот и неговото ширење , први на удар беа работниците кои беа под договор, како и бремените жени. Успеавме да вратиме некој од нив, во соработка со трудовите инспектори, но по завршувањето на договорите тие сепак остануваа без работа,“вели Кристина Ампева од Гласен текстилец.

По пријава до трудов инспектор,  направена е контрола во две конфекции, каде што е утврдено дека не е исплаќан износот  во висина од минимална плата за работниците опфатени  со вонредните мерки, па е наложено до работодавачите да се направи корекција.

Претставки нема само од овие две конфекции, вели Ампева,  но поради големиот број на пријави, лимитираниот број на трудови инспектори, како и роковите што се даваат да се извршат корекциите, целиот процес може да потрае.

Од Гласен текстилец, реагираат и за ситуациите, кога од страна на работодавачи , посебно на конфекции,се врши притисок на работници-заболени од ковид 19 да не ги кажуваат контактите, со цел конфекциите да не се затвараат.

Она за што се залага Гласен текстилец, особено за четвртиот сет на мерки  е да се опфатат и оние работници кои поради пандемијата останаа без работа . Многу од тие работници  сведочеле за  под притисок потпишани спогодбени решенија за отказ или биле отпуштени поради нарушување на ред и дисциплина. Според овие основи тие  немаа право за надомест .

За ова ќе го чекаат формирањето на новата Влада.