За само едно деноноќие за неносење на заштитни маски изготвени им се прекршочни платни налози на 72 лица во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/20 2:28 PM

За само едно деноноќие за неносење на заштитни маски изготвени им се прекршочни платни налози на 72 лица во Тетово

За само едно деноноќие за неносење на заштитни маски изготвени им се прекршочни платни налози на 72 лица. Полициската статистика секој ден говори дека казни се пишуваат, но санкциите не ја зголемуваат свесноста кај граѓаните, кои ретко носат заштитна опрема.

Секое второ или трето лице кое го евидентираше нашата камера не носеше заштитна опрема. Од СВР Тетово, велат дека граѓаните недоволно ги почитуваат здравствените препораки иако како што велат полицијата е на терен ги казнуваат сите они кои не носат заштитна опрема.

-Од 1 мај до 26 јули се преземени над 6900 мерки од кои 200 опемени а другите се платни налози, рече Фатмир Реџепи портпарол на СВР Тетово.

Граѓаните велат дека ретко кој носи маска. Ако сакаме да се заштитиме мора да појдеме од самите себе, свесноста никој не може да ни ја наметне.

Има и такви кои не носат заштитна опрема и во затворени простории.

-Да има и такви случаи има и такив кои не носат заштитна опрема во јавен превоз, се возат без заштитна опрема иако не се сите од исто семејство, рече Фатмир Реџепи портпарол на СВР Тетово.

Инаку за едно деноноќие на 18 лицa  изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени им биле контроли на 793 лица лица со вакви решенија. Не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата. Во содејство со Државна пазарна инспекција, била ивршена контрола над 16 угостителски објекти во гостиварско подрачје, при што не се констатирани нерегуларности во врска со почитувањето на правилата и наредбите од владините одлуки и протоколи.

Зоран Димовски