Го сруши светскиот рекорд : 50 часа пееше песни од Елвис Присли – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/20 2:17 PM

Го сруши светскиот рекорд : 50 часа пееше песни од Елвис Присли

Имитатор на Елвис Присли од Норвешка го сруши светскиот рекорд со тоа што пееше песни од познатиот Елвис повеќе од 50 часа, а музичкиот маратон беше прикажан во живо на интернет.

Кјел Хенинг Бјорнстад пееше точно 50 часа, 50 минути и 50 секунди и со тоа го сруши светскиот рекорд од германецот Томас Гетје, кој го постави пред 16 години. Бјорнстад пееше подолго од Гетје седум часа.

„ Тоа веќе никогаш нема да го повторам“ , рече норвешкиот Елвис, кој започнал да пее во четвртокот во 8: 00 по локално време во еден бар во Осло облечен како кралот на рокенролот.

Менаџерот на норвешкиот имитатор рече дека лекарите препорачале да не пие многу кафе за да остане буден две ноќи. Наместо тоа пејачот јадел овошје и разни чоколади и така останал буден и го зачувал гласот кој сепак пред крајот се повеќе „пукал“

52- годишниот норвежанец ја привлече светската јавност кога во 2003 за прв пат пееше 26 сати. Тој сега упати апел за собирање пари за изградба на болница во Мјанмар.

 

 

извор : novimagazin.rs

фото :svetionik.com