По најавата дека српските турбофолкери Аца Лукас и Дарко Лазиќ ќе одржат концерти за Илинден во Охрид македонската естрада се крена на нозе. На социјалните мрежи се постираат плакатите од најавите за концертите и се бара одговорност од надлежните. Кој дал дозвола тие да настапат, а се повикува и министерот за здравство Венко Филипче да им објасни како е можно забраната за настап за домашните изведувачи да важи а за српските турбофолкери да не важи.
Дека естрадата е бесна и на раб на нерви покажуваат и коментарите како што се: „Од оваа територија не бидува држава, мизеријата да е поголема ни ги трујат лугето со тежок шунд“, „Ние сме најголемо дно и малку ни е, нудете се за 300 денари“, „Министре Филипче, за кого се залагате вие?“, „Марш, море марш“, „Извинете ама не сте нормални!!! Свирки несмее по кафиќи,музичари седат дома со месеци,концерти несмее,свадби по протокол,(за некого за некого фри). Сите по протокол работиме. Чекаме концерти од големи звезди со нетрпение,чекаме културни настани,чекаме ,чекаме,чекаме ,внимаваме. Ама брате Аца Лукас јачи од короне! Оправајте се под хитно! “…
Погледнете ги објавите на дел од естрадата и големата поддршка која ја добиваат од публиката..
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=4164566503615485&set=pcb.4164566600282142&type=3&theater
https://www.facebook.com/petar.mladenovski.142/posts/10158821427743919
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157831402307426&set=a.10151196416032426&type=3&theater
https://www.facebook.com/mise.boev/posts/3241272575934255
https://www.facebook.com/olivera.temkovska/posts/4220309788039448


