Свети Николе добива мобилен пункт за тестирање за Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/20 12:33 PM

Свети Николе добива мобилен пункт за тестирање за Ковид-19

Свети Николе добива мобилен пункт за тестирање за коронавирус. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека одлуката на Владата ја добиле  денеска, откако Кризниот штаб на седницата одржана во петокот донесе ваква одлука со цел полесно справување со проблемите со заболените од ковид 19.

-Како Општински кризен штаб чекаме детали за пунктот за тестирање и колку пати во неделата ќе доаѓаат епидемиолози од Центарот за јавно здравје-Велес. Засега нема информација кога пунктот ќе започне со работа но веднаш штом ќе добијам информација ќе ги информираме граѓаните на Општина Свети Николе, вели Велковски.

Во моментов во Свети Николе има 181 активен случај на заболени со ковид 19. Многу од лицата чекаат второ тестирање а дел ги имаат надминато и тие задолжителни 21 ден. Барањето за отварање  на пунктот е токму поради неможноста луѓето да патуваат по другите центри за да ги потврдат резултатите а немаат ниту санитетска возило кое што во овие услови им е неопходно

Велковски  истакна дека се уште чекаат одговор на нивото барање за санитетско возило за транспорт на болните од Ковид-19 до болниците во Штип и Велес.

Во моментов во двете општини Свети Николе и Лозово има 82 лица во самоизолација поради контакти со лица заболени од ковид.Деновиве според информациите од Полицијата им голем дел им завршува 14 дневниот задолжителен период, па за ден две ќе останат само осум лица.

Денеска на Инфективното одделение се лекуваат 49 пациенти, а еден пациент поради влошување на состојбата е хоспитализиран во Скопје.