Општина Маврово и Ростуше утре ќе ја спроведе првата терестичка дезинсекција за годинава на својата територија.
Тоа e во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општина Маврово и Ростуше за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината.
–Дезинсекицијата ќе се реализира утре, 28 јули од 24 часот па се до утринските часови од страна на Д.П.Т.У. Плант Медика за уништување на возрасните форми на комарци и други штетници, изјави Фикрет Ибраими, советник за односи со јавноста.
Додава дека за дезинсекцијата ќе се употребува средство КУЛФАК 50 ЕС во концентрација пропишана од производителот.
Поради тоа, посочува, се замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелните семејства.
Според Ибраими во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.


