Договорениот прекин на огнот меѓу украинските сили и сепаратистите поддржани од Русија, почна на полноќ. Претходно претседателлите на двете земи, Володимир Зеленски и Владимир Путин, телефонски разговараа за конфликтот во источна Украина и изразија поддршка за примирјето. Кабинетот на Зеленски соопшти дека украинскиот претседател му кажал на Путин дека се потребни понатамошни чекори за ослободување на украинските граѓани во источна Украина, Крим и Русија.
Кремљ, пак, наведува дека Путин му рекол на Зеленски дека одлуката на Украина да одржи регионални избори во 2020 година е во спротивност со мировните спогодби во Минск со цел решавање на конфликтот што избувна во 2014 година. Зеленски беше избран за претседател лани, а вети прекин на конфликтот во источните региони Доњецк и Луганск.


